Иселеник во Норвешка го фати крстот на затворениот базен

34 годишниот кумановец Игор Антевски, иселеник во Норвешка, прв пристигна до светиот крст од осумдесетемина пријавени за учество на најмасовната манифестација  организирана на затворениот  градски базен по повод Водици. Во рацете на Антевски крстот падна и минатата година, но тогаш скокањето беше поништено бидејќи верниците се фрлија во базенот пред да биде даден знак од свештениците. Потоа крстот го фати друг  кумановец. Игор пристигнал ноќеска од Норвешка , специјално за Водици.

-Овој крст не е само за мене овој крст е за сите овие што скокаа внатре во базенот и покажаа храброст желба и верба во бога , вера во себе , изјави Игор Антевски,

Манифестацијата на затворениот базен се организира на иницијатива на кумановско- осоговската епархија, поддржана од Општина Куманово и пливачките клубови. Подарокот што го доби од општината, ЛЦД телевизор , Антевски ќе го подари на хуманитарно здружение.

– Сакам да посакам на сите граѓани честит празник, голем успех, просперитет во сите домови, во сите семејства и благосостојба, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово

Специјален гост на манифестацијата беше и постојаниот претставник и амбасадор на УНДП во Македонија, Луиза Винтон, која воедно е и почесен граѓанин на Општина Куманово.

– Чест ми е да бидам денеска во Куманово. Претходно бев и во Ранковце за да видам како овој празник се одбележува и да бидам дел од она што им се случува на луѓето секој ден. Ја користам оваа можност да му се заблагодарам на градоначалникот и на сите да им посакам среќна Нова година, почестена сум да работам во оваа земја, особено во Општина Куманово, изјави Винтон

Учесниците во организацијата на Водици се надеваат дека манифестацијата затворениот базен ќе стане традиционална.

– Се надевам дека ќе прерасне во традиција и заинтересираноста е се поголема, од година во година се повеќе расте желбата кај пливачите кои сакаат да пливаат по светиот крст на Затворениот базен во Куманово, рече Александар Спирковски од Пливачки клуб „Делфин“.

Најмасовната манифестација по повод Водици за првпат се организираше минатата година на затворениот пливачки базен .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)