Исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец јуни. -Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 јули, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Оттаму додаваат дека со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа денеска за корисниците чии презимиња почнуваат од  А, до Љ и утре за корисниците чии презимиња почнуваат од М, до Ш.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)