Истекува рокот за набавка на огревно дрво

До четврток жителите на општина Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаат можност да потпишат договор со Шумско стопанство, за набавка на огревно дрво. Раководителот, Ваит Саити потенцираше дека интересот е навистина голем, и дека тие имаат капацитети да ги обезбедат потребните количини.

-Има заинтересирани многу граѓани доаѓаат редовно секој ден потпишуваме договори. Ветувам дека навреме ќе земат добри дрва, се што треба, ние со оваа цена што ја имаме пример буката чини 2371 денар, ја држиме цената за приватни фирми кои продаваат дрва и по 3500 и по 4000-нагласи тој.

Саити потенцираше дека откако ќе ги испорачаат договорените количини дрва, вишокот ќе биде пуштен во продажба.

-Нема да има проблем, луѓето доаѓаат редовно, правиме договори и штом ќе се опорави времето веднаш ќе почнеме да носиме дрва за сите граѓани кои имаат договор, имаат предност, потоа и оние без договор може да добијат-истакна тој.

Инаку пензионерите и инвалидите имаат можност дрвата да ги отплаќаат на 8 рати. Доставата се врши по исплата на половина од ратите.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)