Исчезната е жена од кривопаланечко, слижбите организираат потрага на 11.04.2021

78-годишната Цветанка Ѓорѓиевска, се одалечила од дома на 2ри март. Во селото Конопница, кривопаланечко, се организира голема потрага по неа. На располагање се ставаат сите служби и расположиви ресурси од општината. Во координација со членови на семејството и МВР, во потрагата се вклучени и претставници со теренски возила од Општина Крива Паланка, Јавното претпријатие „Комуналец“, ДЗС, ЦУК, РЦ Север, Црвен крст, ОВР Крива Паланка, како и поединци. Службите ќе вклучат и ДРОН технологија во потрагата по исчезната жена.

„Во недела, на 11.04.2021 година, ќе се организира голема и сеопфатна координирана акција за пронаоѓање на Ѓорѓиевска. Во акцијата ќе учествуваат голем број институции, организации и поединци. Зборното место е во 9 часот, на локација над Шумски склад“, најави градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Семејството на исчезнатата жена вели дека таа била во витална состојба и апелираат доколку некој ја видел да пријави до надлежните институции или да се јави на телефонскиот број 078/485-076.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)