Итната помош со полни раце работа

Топлото време го зголеми бројот на лекарски интервенции. Околу четириесетина повици за едно деноноќие обично регистрира  Итната помош во Куманово, но во текот на вчерашниот и денешниот ден, покачен е обемот на работата на лекарите. Во најголем број случаи станува збор за интервенирање кај пациенти со хронични заболувања, но има и ситуации во кои кај помладата популација доаѓа до ненадејно нагло паѓање на притисокот поради подолго задржување на отворен простор на топлото време. Лекарите  им порачуваат на повозрасните граѓани да не излегуваат од дома во најтоплиот период од денот, а обврските кои што ги имаат да ги извршуваат или во раните или пак во попладневните часови.

-И за младите да се облечат соодветно да носат посветла облека, ако не мора да се излегува во попладневните часови да си седат дома или во затворени простории, за да не дојде во големи гужви обично каде има поголем број на луѓе исто така ако е нели може исто така да дојде до претоплување така што пад на притисок  најчесто со колапси па ние одиме да интервенираме, исто така да апелирам со затоплување, со голема раздвиженост, зголемен сообраќај во градот, моторцикли, велосипедисти, така што треба да се внимава да не дојде до некои сообраќајќи, во секој случај треба да се внимава, изјави др. Валентина Тодоровска – Трајковска од Итна помош

Препораката од лекарите да не се излегува на сонце без потреба останува и за утре бидејќи метеоролозите за утре најавуваат температури и до 34 степени целзиусови, што значи дека територијата на целата држава ќе биде во жолта фаза. Поради ова со соопштение излезе и министерството за здравство кое порачува да се почитуваат општите препораки за заштита од повисоки температури, а посебно внимателни да бидат постарите, хронично болни лица, кои треба редовно да ја земаат препишаната терапија.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, потребно е темелно миење на овошјето и зеленчукот пред нивната употреба, добра термичка подготовка на храната, задолжително чување храна во фрижидер на + 8 степени, како и избегнување консумација на лесно расипливи производи (разни кремови, мајонез, сладолед).

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)