Итно решавање на проблемот со загаденоста

Градоначалникот Максим Димитриевски во најкраток можен рок да превземе кокренти мерки за намалување на загаденоста во градот, побараа денеска советниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тие истакнаа дека во изборната кампања Димитриевски имал само обични флоскули како мерки за чист воздух и чиста околина.

-Ситуацијата со загадувањето во општина Куманово во изминативе недели е повеќе од алармантна. Се соочуваме со поразителни и загрижувачки податоци за огромна концентрација на ПМ10 честичките во водухот. Овие бројки се енормно големи и се повеќекратно над дозволени штетни честички во воздухот, со што сериозно е ставено во опасност здравјето на граѓаните и животната средина во целост. Но и покрај ваквата состојба градоначалникот и локалната власт се уште немаат преземено никакви конкретни мерки за ублажување на ситуацијата со загаденоста во нашиот град, ниту пак има најави дека нешто ќе се превземе во блиска иднина-истакна Невена Величковска, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од советничката група на ВМРО  и коалицијата апелираат во подготвувањето на буџетот да се предвидат повеќе финансиски средства за справување со овој горлив проблем, кој прераснува во сериозна еколошка катастрофа. Ж

-Да потсетиме дека ветуваа живот за сите, чист воздух за сите, но не видовме ниту живот ниту пак чист воздух за граѓаните на Куманово-додаде Величковска.

Младите од Унијата на ВМРО-ДПМНЕ на кумановци денеска им делеа бесплатни заштитни маски.

 

 

Коментари

коментар(и)