Вкупно 447 случаи на грип имало во сезоната 2022/2023 година во Куманово, покажуваат статистичките податоци на Институтот за јавно здравје.
Најголем дел од случаите биле годинава, поточно во јануари и февруари.
Така во првиот месец од 2023 година биле регистрирани 214 заболени од грип, додека 107 случаи имало во февруари.
Според податоците на ИЈЗ, во март досега биле регистрирани 43 случаи.
Најголем дел од заболените се во возрасната група од 15 до 64 години, или 346 заболени. Околу педесет лица биле во категоријата над 65 години, и исто толку деца до 14 години.
Во текот на 10-та недела од 2023 година (06.03-12.03.2023), во Македонија биле пријавени 462 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, за 30,7% помалку во споредба со претходната недела.