И денеска се запишуваа идните средношколци

Идните средношколци и денеска се пријавуваа и запишуваа во прва година за следната учебна година. Во средното стручно училиште „Перо Наков “ , според објавениот конкурс од министерството за образование и наука, во прва година ќе се запишат 714 ученици во 21 паралелка.

-Оваа година треба да запишеме десет паралелки на македонски наставен јазик и 11 паралелки на албански наставен јазик, подготовките ги завршивме навреме, и вчера и денеска од 7 до 15 часот се уписите во прва година , имаме две струки економско правна трговска струка и текстилно кожарска струка, има интерес,  доаѓаат учениците и родителите, дел од нив се уште се несигурни во изборот на профилот така што ги добиваат од нашите наставници потребни информации  околу предметите, изјави Лидија Тасевска, директор на  СОУ „ Перо Наков “

И годинава, како и претходните деветодделенците најмногу се заинтересирани за профилот економски техничар, посочуваат надлежните.

-Максимален број на поени за 60 упис, за тексилно кожарска се 45 односно 40 поени. Очекувањата се дека ќе се исполнат сите места, но најверојатно ќе останат места за августовскиот  уписен рок, изјави Лидија Тасевска, директор на  СОУ „ Перо Наков“

Помалку ученици во прва година за разлика од Перо Наков  ќе бидат запишани во техничкото училште „Наце Буѓони“ кое располага со 684 слободни места за запишување во прва година во 21 паралелка на македонски и на албански наставен јазик. Учениците можат да изберат меѓу машинска, електротехничка и медицинска струка .

510 ученици во прва година ќе се запишат во средното стручно училиште „Киро Бурназ“ , во 11 паралелки со настава на македонски јазик  и 4 паралелки на албански наставен јазик  според наставните планови и програми за: земјоделско – ветеринарна струка,  хемиско – технолошка струка , лични услуги и машинска струка .

Во гимназијата Гоце Делчев има 374 слободни места во десет паралелки на македонски наставен јазик и една паралелка на српски јазик. Учениците ќе можат да се определат за три подрачја,  јазично-  уметничко подрачје комбинација а и б, општествено -хуманистичко подрачје а и б и  природно- математичко подрачје а и б .

Инаку, вкупно во кумановските средни училишта можат да се запишат околу 2500 ученици.

Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени утре .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)