И млади кумановки заболуваат од рак на грлото на матка

Рапидно расне бројот на младите кумановки кај кои e дијагностициран рак на грлото на матка. 55 случаи се регистрирани минатата година, меѓу кои има и 18 годишни девојки. Гинекологот Предраг Божичковиќ посочува дека ова вирусно заболување е резултат на зголемени сексуални активности на младата популација. Ако во минатото од рак на грлото на матка заболувале жени над 30-годишна возраст, последниве години постојано се спушта возрасната граница, рече Божичковиќ по повод Европската недела за превенција од рак на грлото на матка.

-Ние можеме да правиме скрининзи и ги правиме тие работи,  но треба малку и едукација на младите бидејќи стапување во сексуални односи некојпат било на 17,18,19 години сега таа граница е спуштена на 15. Дури има инциденца дека девојчиња на 14 години стапуваат во сексуални односи.Најчесто се пренесува по сексуален пат , хетеросексулани врски и хомосексуални врски, тоа нема врска без разлика кој е партнер значи ние ја лечиме женската популација, а фактички преносителот е мажот, тој ги пренесува сите тие вируси за жал мажите дури во возрасната група од 50-60 години имаат проблеми со простата поради тој вирус, а дури се млади немаат никакви тегоби и укажува на тоа дека е здрав, изјави др.Предраг Божичковиќ, гинеколог

Божичковиќ објаснува дека во светски рамки се прават напори да се лекуваат и двајцата партнери од вирусното заболување. Постои и најнов лек кој се дава на двајцата за да се уништи вирусот. Според него, загрижувачки е фактот што само 30 проценти од поканетите пациенти за скрининг доаѓаат на преглед.

-Ние овде правиме Папаниколау тест за рана детекција на карцином на грло на матка, после добиениот резултат од хистопатологија ги праќаме на ХПВ – типизација, која се извршува на Клиниката  за гинекологија во Скопје и Институт МАНУ , таму се работи, после добиениот резултат гледаме дали и високо ризичен или нискоризичен, ако е високо ризичен тој може да биде галопирачки за 6 месеци, да биде инвазивен или за година дена или две ако е појак имунитет, кај овие нискоризични може да трае и десетина години, затоа правиме скринизи на 6, на 4 месеци кај тие со  висок ризичен тип и после тоа процедурата е се прави биопсија се гледа колку и како е зафатено, и после тоа им советуваме операција или во Куманово или во Скопје, изјави Божичковиќ.

Доколку станува збор за инвазивен карцином тогаш се вклучува и онколог кој во консултација со гинекологот дава свое мислење за понатамошниот третман со пациентот, односно дали ќе се оди на зрачење или на хемотерапија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)