И утре нема настава во училиштата

Само квалитетните меѓуетнички односи го спречија конфликтот и неговото ширење во Куманово. Граѓаните уште еднаш покажаа дека сакаат да живеат заедно, сакаат да градат и општина и држава со заеднички сили, рече на денешната прес-конференција, претседателот на Советот Максим Димитриевски.

-Повеќе од 115 илјади луѓе бевме директни сведоци на случувањата. Милиони беа во неизвесност и вознемирени. Куманово повторно се надмина себе си и не дозволи ескалација на конфликтот и дестабилизиација, благодарејќи на сопствените граѓани-кумановци, изјави Максим Димитриевски, претседател на совет на општина Куманово

Димитриевски апелираше на смиреност и разбирање од граѓаните во периодот што следи.

-Апелирам да се чувствуваме слободно, но сепак да бидеме претпазливи во делот на она што значи лична безбедносѕ на секој поединец, но да не создаваме паника, мислам дека во градот се создадени услови да се вратиме во нормала

На новинарско прашање зошто советниците од албанска националност не се дел од прес-конференцијата, претседателот на Совет со одговор дека во моментот се на состанок со градоначалникот и амбасадорот на Република Албанија, а што се однесува до советникот за кого се шпекулираше дека бил во притвор, Димитриевски рече дека и Фитор Сефери како и останатите граѓани кои биле евакуирани од населбата Тоде Мендол биле спроведени во полициската станица, им била земена парафинска ракавица и пуштени на слобода. Инаку, општината ќе формира и комисии кои ќе ја утврдуваат материјалната штета. Димитриевски ги повика сите добронамерни граѓани да им помогнат на евакуираните, а локалната самоуправа ќе побара помош и од државата. Општината веќе донесе одлука да обезбеди 2 милиони денари за задоволување на основните потреби на засегнатите граѓани. Што се однесува пак, до училиштата и градинките, тие и утре нема да работат, а доколку се создадат услови наставата ќе продолжи во среда.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)