Кадровски освежувања во СДСМ на 26-от Конгрес

Петмина кумановци од општинската организација на СДСМ Куманово се дел од Централниот и Надзорниот одбор на партијата.

На вчерашниот Конгрес  за членови на ЦО се избрани министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Александар Арсиќ, извршен директор на ГА-МА А.Д Скопје и советничките Соња Тодоровска и Хана Џеладини.

За член на НО е избран Марјан Спасовски, директор на Дирекцијата за извршување на санкции.

Оливер Спасовски е реизбран и за потпретседател на СДСМ.

Тој на Фејсбук напиша: Благодарност за дадената доверба од страна на Претседателот Зоран Заев за уште еден мандат како потпретседател на #СДСМ.

Како раководство на СДСМ, се обврзуваме на нови политики, со максимум од себе да ја оправдаме довербата и со чесност и професионалност да одговориме на секој предизвик, во интерес на граѓаните и државата, така како што доликува на најдемократската и најпрогресивна партија во нашата држава, рече Заев.

Во завршниот дел од обраќањето на 26. Конгрес на СДСМ, претседателот Заев посочи дека СДСМ во изминатите четири години се промени многу, но и дека процесот на промени ќе продолжи, СДСМ ќе остане прв во промените.

Со последните измени на Статутот уште повеќе ја демократизиравме партијата, но и го зајакнавме учеството на младите и жените во органите и телата на СДСМ.

СДСМ победува затоа што постојано се менува.

„Пред нас се уште се’ бројни предизвици на секое поле. Започнува процес на нова политика, процес со кој СДСМ ќе остане прв во промените. Следува најголема политичка акција за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во нашата земја, почнувајќи токму од СДСМ.

Таа нова политика ќе се реализира преку пет клучни столбови:

Прво, обновување на досегашната кадровска понуда на СДСМ, но без откажување од нашите луѓе.

Второ, ангажирање на сите можни капацитети во борбата против корупцијата и криминалот.

Трето, охрабрување на различно мислење и почитување туѓи ставови.

Четврто, градење на СДСМ за новото време, млад СДСМ, прв во промените.

Петто, поттикнување, подигнување на мотивацијата на нашите граѓани.

За реализација на сите овие точки, сметам на членовите на новото партиско раководство, но и на сите човечки капацитети, за СДСМ уште подобро и попосветено да им служи на граѓаните и државата, рече Заев .

Заменик-претседатели на СДСМ се и Мила Царовска, министер за образование и наука, Венко Филипче, министер за здравство, Сања Лукаревска, директор на УЈП  и Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)