Казна од 200 евра доколку палите оган на отворено

Граѓаните кои ќе палат оган на отворено на 1-ви мај, може да заработат казна од 200 евра, додека пак фрлаат или оставаат отпад на излетничките места ќе добијат казна од 50 евра. Надлежните предупредуваат дека инспекторите ќе вршат контроли на јавните површини и ќе преземаат мерки против сите граѓани, кои што нема да ги почитуваат одредбите од законот за јавна чистота. Од територијалната противпожарна единица повикаа Кумановци да внимаваат при палање на оган на отворено.

-Луѓето кои ќе бидат на викенд моја препорака е скара и останати работи да се пали оган само на места кои се определени за тоа и после тоа оганот целосно да се изгасне, да се внимава кај се фрлаат отпадоците-наведе Деан Илиевски од ТППЕ Куманово.

Инаку лицето кое што е казнето доколку во рок од 8 дена ја плати истата, треба да даде само половина од целосната сума. Доколку инспекторите го затекнат  сторителот како го прекршува законот, тој паричната казна може да ја замени со општо корисна работа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)