Казнети 53 кумановци затоа што не носеле заштитна маска

Казна во висина од 20 евра ќе платат 53 кумановци, затоа што не носеле заштитна маска.

Како одминува корона кризата, се повеќе наши сограѓани се навикнуваат на носењето маски, па така и полициските билтени за казни за нивно неносење стануваат се помалубројни. Имено, „во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (20.01/21.01.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово  99 лица не ја почитувалe, од кои  во Куманово 53 во Крива Паланка 33 и  во Кратово 13, за истите ќе следуваат соодветни мерки“, – соопшти МВР.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)