Казнет пратеник – зборувал на телефон додека возел од Куманово кон Скопје

Пратеник е казнет затоа што не ги почитувал сообраќајните правила и зборувал на мобилен телефон додека возел на патот Куманово-Скопје.

„Полициски службеници од СВР Скопје денеска му врачија платен налог на пратеникот М.К., кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје“, – соопштува МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта во државата.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)