Казни за несовесните граѓани за депонијата кај Туш

Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, четврти пат оваа година, ја чисти депонијата на влезот од населбата Перо Чичо. Надлежните од претпријатието во следниот период најавуваат ригорозни казни за несовесните граѓани кои освен што исфрлаат смет, истиот го палат, па се шири чад во околните куќи и дел од булеварот Октомвриска револуција.

-Веќе имавме разговори со СВР Куманово и со надлежните инспекциски служби за да започнеме еден посериозен пристап кон забрана кон оние несовесни граѓани коишто фрлаат смет на оваа локација. Се работи за сериозна количина на смет која во изминатиот период од еден месец правеше сериозни проблеми на населението кое живее во овој дел од градот. Имаше палење, мислам дека беше и намерно направено- рече денеска директорот Стојчевски.

Првиот човек на „Чистота и зеленило“ упати апел до граѓаните да престанат со ваквата навика, а особено нелегалните превезувачи на смет.

-На самата површина ние имаме поставено еден поголем сад за смет од 5 кубици кој се изнесува редовно, меѓутоа сметам дека не само граѓаните кои живеат тука најголем проблем претставуваат оние диви транспортери или нерегистирирани собирачи на отпад кои ги имаме во нашиот град кои ја користат можноста да не создаваат дополнителни трошкови при собирање на отпадот од самите домаќинства при градежни работи да го депонираат тука, ние им дадовме можност по многу ниски цени донесовме одлука за 50/60 денари да го исфрлат отпадот на самата депонија. Апелирам да се придружуваат до овој правилник бидејќи навистина ќе има ригорозни казни.

Според Стојчевски се очекува од депонијата да се изнесат најмалку петнаесетина камиони смет и шут.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)