Камион излетал од пат над Спомен костурница

На улицата Доне Божинов, над Спомен костурница, поточно спроти авто сервисот Ви-сто, денеска се случила сообраќајна незгода, во која педесет и шестгодишниот Н.К од Куманово, кој возел камион „Сканиа“ со приколка, излетал надвор од коловозот и удрил во бетонска ограда.

Незгодата се случила во 12 часот и 15 минути, а возилото се движело од перферијата кон центарот на градот. Поради лошата положбата камионот беше изваден со кран, а сообраќајот беше блокиран и полицијата вршеше пренасочување.

Во незгодата нема повредени, но е причинета поголема материјална штета. За случајот нема да се поведе постапка, бидејќи е постигнат договор помеѓу возачот и сопственикот на бетонската ограда.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)