Кампања за зголемување на згрижувачки семејства

Најблиска вонинституцинална форма до природното семејство е згрижувачко семејство.  51 годишната Сузана Величковска од населбата Карпош се грижи за 4 деца од 5 до 10 годишна возраст. Таа е само една од 7 –те семејства во градот кои решиле со државна парична помош  да им пружат семеен дом на децата кои не по нивна вина се оставени на милоста на државата. Кумановските згрижувачи најчесто се одлучуваат за деца без родители во добра здравствена состојба.

Најмногу пет деца до 18 годишна возраст  може да бидат згрижени во едно семејство доколку станува збор за здрави деца. Има и семејства кои се грижат за лица со посебни потреби, деца со асоцијално поведение, деца питачи. Според Наџије Мустафа од Центарот за социјални работи во Куманово, има и интервентно семејство кое е достапно 24 часа и згрижува деца при итни случаи.

-Потребно е на сите деца, без исклучок, да им  се обезбеди  средина која најмногу наликува на семејната, а тоа се згрижувачките семејства,затоа и се реализира проектот во чии рамки се спроведува и кампањата „На секое дете му е потребно семејство-изјави раководителот на Одделение за брак, семејство и старателство од Центарот за социјални работи,Наџије Мустафа.

Кампањата на министерството за труд и социјална политика е со цел да се зголеми бројот на згрижувачките семејства. На денешната трибина присутните беа запознаени за бенефитите што произлегуваат од згрижувањето.

-Годинава е зголемена сумата која се доделува на згрижувачките семејства за 25%. За дете во предучилишна возраст е 8.440 денари,за дете во училишна возраст е 9.740,за дете со пречки во развојот, е 11.000 денари„-изјави Мустафа.

Според надлежните , згрижувачите со паричен надомест од државата и со стручна помош од центарот за социјални работи се трудат да им обезбедат најквалитетен начин на заштита на лицата кои се сместени во нивните семејства .

Семејствата немаат право да го посвојат згриженото дете бидејќи формата е замислена како времено сместување. Детето останува кај нив најдоцна до завршување на средното образование.`

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)