Канцеларии за комуникација со граѓаните

Граѓаните кои што сакаат непосредна средба со пратениците од Куманово и можност да разговараат за одреден проблем што ги засега, од неодамна тоа можат да го сторат во канцеларијата за комуникација со граѓаните, која се наоѓа на вториот кат во центарот за култура „Трајко Прокопиев“ . Средбите со пратениците во Собранието од коалицијата на СДСМ се закажуваат преку асистент. Пратеничката канцеларија работи од вторник до сабота , од 10 до 15 часот.  

-За еден пратеник е многу важно да имаме непосреден и постојан контакт со граѓаните за сите нивни секојдневни проблеми, прашања и оние работи кои што сакаат директно да ги постават до нас како дел од законодавната власт. Во петок и сабота кога имаме најчесто обврски во Скопје тогаш не сме во канцеларијата, тогаш граѓаните можат да ја посетат канцеларијата и да разговараат со асистентката да го кажат својот проблем накратко, таа да ни го пренесе, но ако инсистираат на лична средба тоа може да биде и во подоцнежните вечерни часови или пак во текот на петок и сабота ако немаме обврски во Собранието, изјави Лидија Тасевска, пратеник во Собранието 

Од досегашните средби, пратеничката Тасевска посочува дека граѓаните најчесто се интересираат за имплементацијата на донесените нови законски решенија.

-Последната средба ми беше со граѓанки кои што имаат лиценца за негователки и кои што сакаат да дознаат дали со новиот закон за социјална и детска заштита тие ќе бидат на некој начин принудени да го менуваат својот вид на средно образование за да можат да го остварат правото на работен однос и нормално проблеми што се тековни прашања, проблеми од локална инфраструктура и сето она што е дел од нивниот секојдневен живот, изјави Тасевска.

Проектот  Канцеларии за комуникација со граѓаните и пратениците започна во 2003-та  година, а се реализираше со помош на Националниот демократски институт за меѓународни прашања(НДИ), УСАИД, Институт за парламентарна демократиоја (ИПД), Швајцарската агенција за развој и соработка и ЗЕЛС. Во секоја отворена канцеларија во општините работи асистент, кој му помага на пратеникот.

Преку непосредна комуникација со избраните претставници, граѓаните имаат можност за размена на информации, предлози и сугестии, со цел да се зголеми нивното учество во работата на Собранието.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)