Канцелариски мебел за центарот за социјални работи

Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи Куманово, доби нов канцелариски мебел од министерството за труд и социјална политика, во рамки на проектот за јакнење на капацитетите на установите, конкретно на Центрите за социјални работи, информираа надлежните . Дел од мебелот ќе биде доставен до одделението во Липково, а дел во просториите на детска заштита.

-Центарот досега функционираше со мебел набавен на почетокот од основањето на установата, од средината на 60-тите години на минатиот веk -изјави, в.д. директорот на Центарот за социјални работи, Александра Арсовска.

Со добиениот канцелариски мебел, сметаат надлежните од Центарот, значително ќе се подобрат условите за подобро и пофункционално работење на установата.

-Исто така, би сакала да истакнам дека во рамките на установата правиме сериозни структурни реформи во однос на органзацијата на работа, кои  се во функција на обезбедувањена квалитетна,  навремена,  ефикасна, ефективна услуга на граѓаните кои оставруваат права во нашата институциј -изјави Арсовска.

Установата доби и десет комјутери, со кои сметаат надлежните ќе се задоволат потребите на вработените за пофункционално работење на центарот. Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, функционира за потребите на трите општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)