Карванот на издавачката куќа „Три“ во градот

Карванот на издавачката куќа Три до сабота ќе биде пред Центарот за култура Трајко Прокопиев. На отворен простор пред платото, на кумановци им се нудат актуелни наслови од домашни и странски автори.

-Како и секоја година и оваа пред центарот за култура Трајко Прокопиев се одржува караван на книгата од издавачка куќа Три со саемски попусти до 70 проценти на сите книги. Има книги од домашни и од странски автори, детска литература, боенки за деца, психолошки книги и други-нагласи Дајана Стојадиновска.

Основната цел на манифестацијата е да се доближи книгата до пошироката читателска публика.

-Заинтересираноста за сега е голема, тука сме до сабота од 8 часот наутро до 20 часот. Секој што е заинтересиран може да дојде и да погледне, да ја збогати својата библиотека, речник, и да го потроши паметно своето време-додаде таа.

Меѓу најбараните дела годинава се најновата книга Умрен човек од Игор Џамбазов, Луна од Винка Саздова, како и изданија од Марија Јаневска, Коста Петров, и бројни странски автори.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)