Караванот на слобода утре во градот

Караванот на слободата, утре ќе одржи голем мултимедијален настан во градот. Истиот ќе се отвори со дебата насловена Макеоднија со или без слобода, која ќе започне во 18 часот и 30 минути во зградата на поранешен Комитет, за да потоа забавата во 20 часот продолжи на градскиот плоштад каде ќе настапат неколку музички ѕвезди.

-На дебатата ќе учествуваме јас, Тони Зен, поетесата Елена Пренџова потоа големиот концерт почнува во 20 часот на него ќе настапат Пеце Суперхикс со својата акустична сесија, Бла бла бла, еден од култните бендови кои творат на албански јазик, Тони Зен истакнат продуцент, рапер и Шутка Рома рап бенд кој прави интересна комбинација на ромска модерна музика кои свират насекаде низ Европа-истакна координаторот на проектот, Петрит Сарачини.

Целта на караванот е да се охрабрат граѓаните поактивно да учествуваат во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво, односно погласно да го бараат тоа што им припаѓа.

-Воедно сакаме на оние уметници кои се ангажирани кои демонстрираат општествен ангажман со ова вклучување во караванот, ако ги видите бендовите, тоа се луѓе кои творат и говорот за слободата, да им одадеме признание со нивното вклучување во ова и да им покажеме на граѓаните дека тие луѓе кои можеби за нив се идоли и ѕвезди живеат еден скромен живот и не прават компромиси за пари и привилиегии, не можете лесно да ги купите.  Мислам дека тоа е поентата без оглед што некоја структура било економска или политичка му го нуди на граѓанинот во форма на т.е поткуп за да се добие поддршка-нагласи Сарачини.

Караванот на слободата кој го организира Цивил – Центар за слобода е поддржан од УСАИД. Истиот патува низ целата држава нудејќи повеќе видови музички и уметнички настани како и културни активности кои опфаќаат различни општествени прашања. Станува збор за тримесечен фестивал, кој ќе ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество.

 

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)