Карванот на НРЦ заврши во Прилеп

Карванот на Националниот ромски центар од Куманово во рамките на проектот „Поддршка за легализација на ромско домување“ заврши во Прилеп, во најголемата населба со жители од ромската етничка заедница, Тризла. Целта на теренските активности е да се информираат граѓаните како да се стигне до легален дом, но и за придобивките од легализацијата. На граѓаните им беше објаснето дека со легализацијата на домовите се зголемува вредноста на куќата, објектот може да се продаде или изнајми, може да се остави во наследство, може да се даде под хипотека и да се подигне кредит и други права пропишани со закон.

-Јас сум теренски асистент за легализација во Општина Прилеп и секојдневно се соочуваме со тоа дека се недоволно информирани, но се заинтересирани да си го решат својот проблем со легализација така што има заинтересираност. Конкретно проектот Поддршка за ромско домување соработува со општината , а мојата надлежност како теренски асистент е да комуницирам со општината во доменот на добивање на информации, до каде е постапката, кои се потребните документи кои што треба да се дополнат со цел да се реши проблемот со легализација.

Сите прашања што се однесуваат на легализација на домовите, кои стандарди треба да бидат исполнети, утврдување на правен статус, кои документи се потребни за легализација, како тече постапката по поднесените барања , кога постапката за легализација може да престане , приватизација на земјиштето се содржани во практичниот Водич низ институциите за полесно остварување на правата, издаден од Национален ромски центар. Но , освен од Водичот, граѓаните за сите придобвки се информираат директно од теренските асистенти и претставниците на Националниот ромски центар од Куманово.

-Апелирам ромските граѓани од општина Прилеп да покренат иницијатива да се заинтересираат за своето право за легален дом бидејќи доколку немаат легален дом не можат да си ги остварат дополнителните права кои што произлегуваат од постапката за легализација , а тоа е пристап до лична документација и слично, Сибела Мамудоска, теренски асистент

Проектот кој се реализира со финансиска поддршка на Европската унија , го спроведува НРЦ , заедно со Симбиозис 12 и ОРМ Бела кула во Кичево.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)