Кајмаковски ја врати надежта за лекување на Александар

25-те илјади евра кои што на српското музичко шоу ги освои македонскиот пејач Даниел Кајмаковски, ќе заминат за операција на 7-годишниот Александар Додевски од Куманово. Александар исто како и неговата 10 годишна сестра боледуваат од цироза на црниот дроб, но кај него болеста многу бргу напредувала и затоа е потребна итна трансплантација. Мајката, Јасмина се надева дека во државата има уште хумани лица како Кајмаковски, кои ќе помогнат нејзините деца да ја надминат оваа болест.

-Ние сме пресреќни иако не ја гледавме емисија таа вечер, кога Даниел победи, чувството е прекрасно, сите сме среќни, децата се пресреќни, тој е наш фаворит, навивавме за него,  немаме зборови чувството не може да се опише-раскажува Јасмина.

Инаку самохраната мајка со три малоленти деца, се уште не знае колку вкупно ќе чини операцијата на нејзиниот син, но лекарите и најавиле дека операцијата ќе треба да се прави надвор од државата. Нагласи дека наскоро ќе завршат со сите потребни испитувања, а резултатите ќе ги упатат на разгледување кај лекари од Турција.

-Донатор се уште немаме со нулта позитив крвна група, но ќе се прави вкрстена трансплантација. Доколку фондот не ни ја одобри целата сума ќе ни бидат потребни уште средства, но доколку одобри јас мислам дека ќе бидат доволни овие до сега што ги има. Кај Александар болеста се појави уште од 6 месечна возраст, најпрвин имаше симптоми на температура, бледило, повраќање,  со сите испитувања открија дека станува збор за дилатациона миокардиопатија проблеми со срце и полицистични бубрези-нагласи Јасмина.

Таа раскажа дека здравствената состојба на Александар се влошила од јули минатата година. Во меѓувреме лекарите вршат испитување и на девојчето, кое исто така добило одобрување од докторот за тансплантација

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)