Кик-боксерите ќе учествуваат на турнир во БиХ

Четворица кик-боксери, членови на кик-бокс клубот Куманово 2006 викендов ќе учествува на меѓународен турнир во Сараево, Босна и Херцеговина. Турнирот го организира WAKO, Светската кик-бокс организација, а натпреварувачите ќе ги одмерат силите во различни дисциплини, возрасти и категории.

КБК Куманово ќе учествува со по двајца натпреварувачи во јуниорска и сениорска конкуренција. Во име на јуниорите ќе се натпреваруваат Лука Белковски и Александар Стоилковиќ, во категорија до -89, односно -94 килограми. Во сениорската конкуренција боите на Куманово ќе ги бранат Марко Никовски и Ненад Димковски, кои ќе се натпреваруваат во категориите -89 и -91 килограми.

Напорно трениравме за оваа учество на турнирот и очекуваме добри резултати. Голема благодарност до градоначалникот Максим Димитриевски и ОССК Куманово и правниот субјект Бучен Козјак кои ни помогнаа да го реализираме оваа учество на турнирот, изјави тренерот на клубот Сашо Илиевски. На турнирот ќе учествуваат уште неколку клубови од Македонија, како и клубови од соседните држави.

Коментари

коментар(и)