Кинеска Нова година – година во знак на песот

Заедничкото чествување на овој празник е само почеток на одбележувањето на 25-годишнината од  воспоставувањето  на дипломатските односи  меѓу Македонија и Кина, беше речено по повод  прославата  на кинеска Нова година , во Занаетчискиот дом во Куманово. Кинеска Нова година или пролетен фестивал во Кина се прославува на различен датум.  По обичај, оваа прослава е одбележана со оддавање почит кон едно од дванаесетте животни кои се основа на кинеската астрологија. Лани беше во знакот на петелот , а годинава ќе биде во знакот на песот. Манифестацијата е во организација на Друштвото за македонско-кинеско пријателство и соработка, кое свој огранок има и во нашиот град.

-Кинезите ја прославуваат својата, според мојата евиденција, 4715. година и ова е година на кучето. Кинеската Нова година е позната како Пролетен фестивал кој почнува во првиата ноќ од раѓањето на новата Месечина. Новогодишното празнување трае 15 дена и завршува со фестивал. прославата традиционално е проследена со религиозни церемонии и огномети. Кинескиот календар датира од околу 2600 години пред наата ера и е базиран на движењето на месечината и сонцето, лунарната година е составена од 12 месеци од 12 и пол дена, рече Љупчо Маленков, претседател на друштвото.

– Околностите кои ги имавме во нашата држава не отргнаа од тие работи и сега очекувам дека со оваа возобновување на соработката ќе имаме можност малку повеќе да си ги презентираме културите и традицијата меѓу овие две држави, изјави Жика  Крстевски, претседател на ДМКПС, Куманово

Градоначалникот Максим Димитриевски, во своето обраќање изрази надеж дека ќе продолжи градењето на взаемните односи, односите на стопанските субјекти, соработка на полето на културата и да продолжи заедничката изградба на соработката помеѓу граѓаните на Народна Република Кина и Општина Куманово.

– Сме организирале многу настани поврзани со активностите на Европската унија, сме организирале и организираме многу настани во кои можност имаат и нашите прекуатлантски пријатели да присиствуваат во нашиот град на вистина е чест и задоволство денеска во рамките на оваа традиционално пријателство на македонскиот и кинескиот народ, градот домаќин да биде нашата општина. Ја поддржувам оваа иницијатива и во име на нашите граѓани ја поздравувам, рече Димитриевски.

На прославата не присуствуваше амбасадорот на Народна Република Кина, но во негово име пред присутните се обрати советникот Мао Чинг Венг кој рече дека кинеската Нова година е најважен празник во Кина

– Минатата година беше особено важна во кинеската историја, затоа што се одржа 19. Конгрес на Кинеската Комунистичка партија, овој конгрес беше успешно одржан и се истакна дека создавањето на социјализам со кинески карактеристики влегува во нова ера во која Кина се развива во големо и успешна земја, соработува со други земји за да се зодадат нови начини на меѓународни односи каде се става акцент на меѓусебно почитување, фер односи, правда, соработка каде сите добиваат и изградба на заедница со заедничка иднина за целото човештво, рече сосвеникот Мао Чинг Венг.

Доаѓањето на кинеска Нова година беше збогатено со музички настапи, рецитали, настапи на танцови групи и културна програма.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)