„Киро Бурназ“ го одбележува патрониот празник

Земјоделското училиште „Киро Бурназ“ со пригодна културно-уметничка програма денеска го прослави 68-от патронат. Преставници на семејството на првоборецот, Општина Куманово, училиштето, Сојузот на борци, имаа можност за прв пат  да положат свежо цвеќе пред бистата во дворот на училиштето, која досега се наоѓаше во фабриката 11-ти Октомври. Пред присутните се обрати директорката Весна Трајковска која нагласи дека со голем труд и мотивираност продуцираат способен кадар.

-Навистина вложуваме многу труд за да ова училиште и опстане и од тука да излезат поквалитетни кадри имаме доста освоено награди, на државни натпревари, на спортски натпреварувања во градот но и на регионални. Она што е важно што од минататa година и сега продолжуваме, имаме учество во проекти од Еразмус плус програмата, така што се надевам дека на тој начин нашето училиште ќе стане поотворено и нашите ученици да имаат можност да се дружат со ученици од други држави-нагласи таа.

Трајковска информираше дека училиштето паралелно го одбележува и Светскиот ден на храна. Инаку првоборецот Бурназовски Тодоров – Киро Бурназ, е роден на 31 јануари во занаетчиско семејство. Бил металски работник и член на КПЈ. Завршил две години гимназија во Куманово, а во 1922 година започнал со изучување на металскиот занает. Активно се вклучил во напредното работничко движење. Бил поставуван на значајни функции и во 1929 година со група од 15 комунисти и бил затворен. За време на престојот во затворот во Сремска Митровица учествувал во штрајкови и акции организирани од затворското партиско раководство. По излегување од затворот се вратил во Куманово и продолжил со револуционерната дејност. Се вклучил во бројни акции за собирање оружје и муниција, како и испитување на теренот за идните партизански дејствија и создавање бази и логистика. На 11 Октомври станал борец на Карадачкиот партизански одред и по три дена во првата нерамноправна борба со многупобројбниот и подобро вооружан бугарски окупатор го губи својот живот во реонот на селото Белановце.

 

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)