„Киро Бурназ“ –домаќин на ученици од пет држави

Од денеска до 23 март, средното стручно училиште „Киро Бурназ“ е домаќин на ученици и наставници од пет држави во рамките на проектот  од програмата на ЕРАЗМУС +  „Паметни училници, паметни ученици“. Проектот финансиран од  Националната  агенција за европски програми и мобилност , ќе трае две години , а „Киро Бурназ“ е партнер училиште во проектот  со училишта од Италија,  Турција, Бугарија и Литванија. Свеченото отворање на активноста во Куманово се организираше во салата на Занаетчискиот дом поддржано од локалната самоуправа.

-Прва координативна средба нашите колеги одржаа  во Истанбул, Турција во декември 2017- та година, а денеска ние за првпат сме домаќини на една од активностите кои што се планирани во рамки на тој проект. Секоја активност која што таму ја договорија си има посебна тема. Тема на нашата активност е „Употреба на софтвер за креирање забавни часови  поврзано со обичаи и традиција“ . Во текот на овие пет дена ќе имаме активности во нашето училиште , а потоа бидејќи е поврзана темата со обичаи и традиција гостите ќе посетат некои културно -историски споменици на различни места, посета на Охрид, Тетово, Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, немаат многу слободни активности, се е испланирано, изјави Весна Трајковска , директор на ССОУ „ Киро Бурназ“

Со проектот се очекува да се постигнат повеќе цели: да се вклучат учениците во сопственото учење со цел да постигнат подобри резултати и да станат мотивирани, да се развие меѓукултурното разбирање и прифаќање, да с еразвијат комуникациските вештини на англиски јазик, да ги промовираат европските вредности и да развијат кохезија меѓу европските граѓани, учениците да го подобрат знаењето во однос на информатичко –компјутерска технологија  за образовни цели, а пак наставниците ќе имаат можност за размена на добрите практики , методи за учење, мислења, ќе ги подобрат англискиот јазик и дигиталните и организациските вештини, наставните методи и алатки.

-Ова е прв проект од ваков размер каде што се вклучени пет држави и каде што имаме голем број активности, во тие претходни проекти ние бевме само како еднодневни учесници , додека овде сме веќе партнер -училиште , а носител на проектот е Турција, односно училиште од Истанбул, изјави Весна Трајковска , директор на ССОУ „ Киро Бурназ“

Проектот започнал на први септември минатата година, а ќе трае до 31 август 2019-та година.

Во мај годинава ќе се спроведе следната активност во Литванија. Темата ќе биде „ Користење онлајн алатки за креирање на квизови , област Математика.

Во октомври годинава , домаќин на ученици и наставници од пет држави ќе биде Бугарија, каде што ќе се работи на темата„ Користење на онлајн алатки за креирање на книги од областа на Литература.

И на крајот, во март месец наредната година во Италија, темата ќе биде „Дигитални алатки за уметнички дела“ од областа на Религиозни студии.

Дел од предвидените активности во Литванија , Бугарија и Италија ќе бидат од три до пет ученици и по двајца наставници од средното стручно училиште „Киро Бурназ“ .

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)