„Киро Бурназ“ со мобилност во Португалија

Ученици и наставници од средното стручно училиште Киро Бурназ ја реализираа својата трета мобилност во Португалија во рамките на проектот „Здрави навики ,среќни умови“ (Healthy habits, happy minds) како клучна акција на стратешки партнерства КА229, од програматa Еразмус + при Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност.

Овој проект трае од 2018-2020 година, а остварено е партнерство со уште четири училишта од Романија како координатор на проектот, Италија,Шпанија и Португалија. Главната цел на проектот е да се подигне свеста на учениците за здрава исхрана, здраво живеење и здрави животни навики. Учениците да ја согледаат важноста дека нивното здравје и физички и психички изглед многу зависат од храната која што ја конзумираат. Да се истакне значењето на физичката активност кај децата, бавење со спорт , да се научат децата кои намирници кои секојдневно ги јадат се штетни и нездрави и допринесуваат до зголемување на телесната тежина и појава на одредени заболувања. Исто така учениците да се запознаат со феноменот Булинг, кој денес е се поприсутен меѓу младите и доведува до појава на депресија, затворање и изолирање на учениците од средината. Пред се учениците да научат кои се хранливите вредности на овошјето и зеленчукот кои секојдневно треба да бидат застапени во нивната исхрана.

Овие цели и задачи на проектот се  реализираат преку повеќе работилници и мобилности каде што учениците си разменуваат искуства, си пренесуваат свои рецепти, стекнуваат нови вештини, учат за традиционалната храна кај своите пријатели од партнер училиштата,дознаваат како се произведува органска и здрава храна, се дружат меѓу себе , ги надополнуваат своите знаења со ново европско искуство, кое подоцна го пренесуваат во своето училиште и во својот град.

Мобилноста во Португалија во градот Амаранте траеше од 21-25 октомври годинава, информира Биљана Тодоровска координатор на проектот, а е спроведена од тим на наставници, координаторот заедно со Александра Димковска и Фросина Стојановска, како и пет ученици.  

На мобилноста во Португалија учениците имаа можност да направат по едно традиционално португалско јадење, да собираат традиционални рецепти низ рестораните, да засадат Еразмус дрво, да ги посетат најубавите лозја  каде што се одгледува ендемскиот вид на грозје од кој се произведува познатото вино Порто, да посетат фарма каде што се одгледуваат органски печурки, зелка и цитруски дрвја и истите да ги дегустираат, да посетат училишта на деца со посебни потреби и да играат игри со нив, градинка каде што се приготвува здрава храна за најмалите, да изведуваат разни спортски активности и натпревари, да посетат музеј и галерија и да се запознаат со португалската уметност, да пробаат многу португалски традиционални  домашни специјалитети со риба од Атланскиот океан приготвени од семејствата на учениците и да го посетат Порто, еден од најубавите градови во Португалија, потенцира координаторот на проектот, Биљана Тодоровска.  

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)