„Киро Бурназ“ со повеќе Еразмус проекти

Ученици и наставници од средното стручно училиште Киро Бурназ во рамки на проектот „ Стапките на природата“ ја остварија својата прва мобилност во Истанбул ,Турција од втори до деветти ноември годинава.  Мојата ботаничка градина, декорации на градина и балкон, ртење на семиња, избор на химна на проектот и лого , фотоалбум, посета на фабрика за рециклирање и културно историски знаменитости, крстарење по Босфор се дел од активностите на оваа мобилност во која што учествуваат пет ученици и тројца наставника. Цели на проектот се да се зголеми свеста на учениците за природата користејќи уметност и технологија, да се осигура одржливост за следните генерации, подобрување на креативни природни, вештини на учениците, зацврстување на нашето општествено, одговорно однесување, запознавање на учениците со проблемите на животната средина и нашиот придонес кон преземање на мерки на претпазливост, подобрување на свеста за штедење преку учење за видови на оптад, запознавање со видови на отпад и учење за важноста за рециклирање и учење за ртење и фазите на растење на растенијата преку искуство од прва рака.

Според координаторката на проектот од Киро Бурназ, Силвана Јосифовска- Тасиќ, сите учесници во проектот се очекува да ги подобрат своите вештини за тимска работа и соработка, меѓучовечки и комуникациски вештини. Тие ќе учат за нивната култура и традиции на домаќините преку доживување на нивниот начин на живот за време на LTTA во семејствата домаќини, во училиштето, како и во културните настани и посети. Ова ќе им помогне да ги елиминираат сите видови на стереотипи и да ги подобрат своите интеркултурни знаења и вештини кои ќе доведат до интеркултурно разбирање дијалог. Подобрено ниво на англискиот јазик, исто така, ќе биде постигнато од причина што токму англискиот  е заедничкиот  работен јазик на улчесниците во проектот. Тие ќе можат да ги споделат искуствата и практиките кои подоцна можат да ги пренесат во свои образовен контекст.

Средното стручно училиште „Киро Бурназ“  со новиот проект  насловен „Стапките на природата“  од Еразмус + програмата К229 започна на први септември годинава, а ќе трае две години.

Инаку, тимови од наставници и ученици од Киро Бурназ се вклучени и други европски проекти. Во рамки на проект од Еразмус+PROGRAMATA k229  “Надогради се со гугл алатки и мобилни апликации” ,  два наставника и  пет ученици од  училиштето Куманово беа на третата мобилност на проектот која се одржа во Виалонга,Португалија од 23-29 октомври годинава, информира коориднаторката Силвана Јосифовска- Тасиќ. Биле одржани работилници за создавање содржина со користење на апликациите Biteable, H5P, GlideApp, Tiny Scanner, Powtoon, биле организирани посети на на музеи,културно- историски знаменитости , активности за запознавање со културата и традиционалната храна на земјата -домаќин , а се стекнале и нови пријателства.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0 0

Коментари

коментар(и)