„Киро Бурназ“ со проект за инклузивно образование

Со третата транснационална средба што ќе се одржи во Полска на крајот на месецов, целосно ќе биде имплементиран проектот  „Инклузивно образование на ученици со посебни образовни потреби и новодојдени“ што го реализира средното стручно училиште Киро Бурназ, заедно со уште пет други училишта и една организација. Како што информира координаторот на проектот и професор по македонски јазик и литература , Фросина Стојановска, носител на проектот под програмата за доживотно учење и Еразмус + програмата, Ка-2  е организацијата Culture 21 од Париз, а партнери се четири училишта од Романија, Полска и Франција и општинското основно училиште Толи Зордумис, како и здружението Регионален центар за лица со интелектуална попреченост  „Порака наша,“.  

Очекуваните резултати од реализацијата на проектот , како што посочува координаторот Стојановска се обезбедување  и промовирање на еднаков пристап до образованието за сите ученици, подобра образовна поддршка, зголемување и зајакнување на педагошки алатки преку обука на наставници, стекнување вештини, практики и знаење за инклузивно образование, развивање на знаењата и практиките на различни на наставници, истражувачи, родители ,институции , здравствени работници за подобра поддршка во инклузивно образование , откривање и дискутирање за практиките и алатките за инклузивно образование во рамките на европското партнерство, веб страна, состанови и семинари и печатење на Водич.

-Водичот содржи практични искуства со кои се соочуваат училиштата ос сите четири земји, како и образовните системи во секоја земја учесничка. Искуствата наведени во Водичот ќе бидат во педагошка форма и ќе овозможат не само да се раскаже приказната и целите , туку и елементи и методи , практични алатки кои ќе служат како упатство за практична работа на наставниците во наставата, изјави Фросина Стојановска, координатор на проектот и професор по македонски јазик и литература

Проектот „Инклузивно образование на ученици со посебни образовни потреби и новодојдени“ е одобрен и финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и се реализира во рок од две години, односно од први септември 2017- та до 31 август годинава.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)