КК Куманово без финале во Супер купот

Кошаркарите на Куманово вчера го загубиа полуфиналниот меч во рамките на Супер купот на Македонија, кога со резултат 82:70 беа совладани од играчите на Карпош Соколи.

Изабраниците на Србиновски поведоа најпрвин со четири поени разлика, но Карпош Соколи пак направи серија од 10-0 и резултатот во седмата минута беше 15:9. Во последната минута по тројката на Зековиќ за 22:17, Караколов и Караџовски го најавија кам-бекот на својот тим, па на стартот на втората четвртина Ѓорѓевиќ го врати водството (22:23).

„Соколите“ Дувњак и Зeковиќ го прекинаа налетот на Куманово со резултат 27:23, а по новото израмнување 29:29, Карпош Соколи влезе во серија и поведе со највисоки 40:31. Јанески со две тројки по ред не му дозволи на противникот да отиде „далеку”. На полувремето резултатот беше 43:37.

Поголема турбуленција имаше во вториот дел од натпреварот, кога во 35та минута КК Куманово го намали водството на противниците со резултат 71:67. Сепак недостатокот од доволно тренинзи со целиот тим, составот на Србиновски ги чинеше пораз од 10 поени разлика на крајот на мечот и збогување од финалето на Супер купот.

Најдобри во составот на Куманово беа Данило Мијатовиќ со 21 поен, како и Костоски со 13, додека со по 9 поени на листата најдобри се впишаа Караџовски, Јаневски и новиот играч Стефан Живановиќ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)