КК Куманово го пречекува Пеќ

Кошаркарите на Куманово утревечер го играат мечот кој може да ги одведе во историјата на Балканското првенство.

Сино-белите утревечер со почеток во 19 часот на домашен терен се борат против косовскиот Пеќ за место во финалето на БИБЛ лигата, откако во првиот полуфинален меч одигран на Косово, загубија со резултат 83:79.

Тоа значи дека на утрешниот натпревар кошаркарите на Србиновски ќе треба да извојуваат победа со разлика поголема од четири поени и за прв пат да се натпреваруваат во финалето и да се борат за трофејот од Балканската лига.

Македонскиот репрезентативец и еден од најдобрите кошаркари во ростерот на Куманово, Димитар Караџовски ги повика сите кумановци да дојдат на утрешниот меч во што поголем број и да ја дадат максималната поддршка од трибините.

Во оваа сала сите знаеме како Куманово до сега на некој начин ги добил натпреварите, може да кажам 10-20%, едноставно публиката може да ја дигне целата екипа, така да не знам што се треба да се направи и вие медиумите пратете некој апел да се направи да го играме тоа финале, сепак имаме еден противник како екипата на Пеќ, знаете каков е ривалитетот и од која земја доаѓаат да не споменувам, така  да се надевам што повеќе да дојдат и да го добиеме тој натпревар со повеќе од четири разлика – изјави Караџовски.

Целата сезона минува со значително помалку публика од претходна, клубот претрпе доста падови, но сепак сино-белите не се предаваат и ќе вложат максимални сили да извојуваат победа против противникот од Косово.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)