КК Куманово го совлада Кожув

Кошаркарите на Куманово во инфаркт натпревар вчеравечер на домашен терен ја впишаа првата победа во Супер лигата, откако со резултат 108:103 го совладаа составот на Кожув од Гевгелија.

Мечот помина без играта на најдобриот кошаркар на Куманово, Данило Мијатовиќ кој побарал исписница од клубот за да може да премине во редовите на МЗТ Скопје, но работите се додатно искомплицирани затоа што клубот не сака да го прифати неговото барање.

Недостатокот на играта на српскиот интернационалец се почуствува уште на самиот старт, кога по израмнети 9:9 гостите од Гевгелија за првите десет минути реализираа дури 37 поени и направија разлика од +18.

Нешто подобри сино-белите беа во втората четвртина од средбата кога постигнаа 22 поени, наспроти 13те на гостинскиот состав, доволно да се намали разликата која ја постигнаа кошаркарите на тренерот Михајловски, па на полувреме се замина со резултат 41:50.

По кратката пауза домаќинот собра сили, па со голема поддршка од публиката успеа да дојде до резултат 67:59, односно предност од осум поени пред самиот крај на третата четвртина, сепак американското дуо на Кожув, Мекнил и Хол со серија од три тројки доведоа до минимална предност на Куманово од 2 поени пред почетокот на одлучувачките 10 минути од натпреварот.

Со тројката на Живановиќ започна четвртита четвртина за актуелниот вицешампион, а останатиот дел од средбата беше доста турбулентен и неизвесен. Пред самиот крајот на натпреварот резултатот беше во корист на гостите, но вербата на кумановци беше поголема, а поддршка од трибините непроценлива, па петатта лична грешка за МекНил значеше три слободни фрлања за составот на Србиновски. Тоа одлично го искористи плејмејкерот Јонел Браун кој тимот го одведе до нерешен резултат од 95:95.

И покрај петатта лична грешка на македонскиот репрезентативец Марјан Јанески, тимот на Куманово успеа да се избори до крај во продолжетокот од натпреварот. Сино-белите со 108 поени впишаа прва победа во рамките на кошаркарската Супер лига на Македонија.

Фантастични 29 поени и седум скокови реализираше капитенот на Куманово, Марјан Јанески,  со исто толку скокови и 21 поен мечот го заврши Димитар Караџовски, а во топ три најдобри се најде и Пековиќ со 15 поени.

Го отворивме лошо овој натпревар, видовте и сами погодија седум тројки и направија 20 разлика, а ние покажавме карактер. Од таа втора четвртина па се до продолжетокот навистина изигравме максимално коректно и добро во напад и заслужено победивме, малце не послужи и среќата, но кога се борите, кога играте со срце ве сака среќата. Ние сега откако замина Мијатовиќ на секој натпревар ќе даваме максимум, ако тоа биде доволно е ок, но во ова конкуренција мислам дека ќе биде доста тешко, нема да се предаваме, но треба да бидеме реални, дека со овој квалитет тешко дека нешто значајно може да направиме – изјави Марјан Србиновски, тренер на КК Куманово.

Мислам дека после толку турбуленции во клубот првите 10 минути тоа се одрази на нас, самиот резултат го покажуваше тоа. Подоцна мислам дека на некој начин се соземавме, видовме што и како се случува на теренот, иако на некој начин среќата е многу важна, бидејќи како што гледате тие дадоа 30 и нешто коша во првата четвртина, што во НБА лигата не се случува тоа, а не овде. Фала Богу што го добивме овој натпревар, на некој начин за мир во куќа после сите турбуленции што се случуваат, тие сме што сме, одиме понатаму и дај боже во топ 3 да влеземе – изјави Димитар Караџовски.

Во гостинскиот состав најдобро беше американското дуо Мекнил и Хол кои заедно постигнаа 54 поени, додека пак центарот Бојан Крстевски мечот го заврши со 15 поени.

Неизвесноста на натпреварот наговестува тешка борба за пласман меѓу најдобрите четири екипи во Супер лигата и борба за освојување на шампионската титула, но кумановци покажаа дека имаат срце да играат кога е најтешко и кога нивниот состав е ранлив одвнатре.

Следниот меч на гостински терен го играат во Градски парк, против составот на Работнички.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)