КК Куманово загуби од ТФТ

Кошаркарите на Куманово забележаа пораз на домашен терен од составот на ТФТ со резултат 88:94.

Последните десет минути на паркетот беа турбулентни, иако ТФТ постојано имаше предност.

Најефикасни во составот на Куманово беа Рос со 18 поени, 16 запиша Андрејевиќ, а со поен помалку натпреварот заврши за Марковски и Ѓекиќ. Двоцифрени поени забележа и Ливингстон.

Од клупата на Куманово на вчерашниот меч постојано пристигнуваа обвинувања за тенденциозно судење во полза на гостинскиот состав, дека на 10 секунди пред крај кога постоеше можност за пресвртница во резултатот беше судена намерна лична грешка.

Од Управата на Куманово најавија и официјална реакција за судењето.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)