КК Куманово за прв пат во Плеј-оф по 13 години

КК Куманово триумфираше на синоќешниот натпревар против екипата на Кожув со резултат 84-86, а со тоа си го обезбеди местото во плејофот од кошаркарскиот шампионат за прв пат по 13 години. Сите напори и вложувања во куманвскиот кошаркарски тим дадоа позитивни резултати. Куманово моментално се наоѓа на третата позиција на табелата, а судејќи по досега одиграните натпревари, има шанси и да се искачи и на второто место.

На синоќешниот натпревар, Кумановци, клучната предност ја поставија во првото полувреме, кога водеа со 15 поени разлика. Екипата на Кожув покажа многу подобра игра во второто полувреме, кога ја доби третата четвртина со резултат од 21-17. Три ипол минути пред крајот на мечот, постигнаа пет поени негатива, односно резултат од 72-77, со што поставија неизвесна завршница на натпреварот. Една минута пред крајот на натпреварот, резултатот беше израмнет, откако Филип Шепа постигна шут за три поени за екипата на Кожув. Во серијата слободи фрлања, попрецизни беа Кумановци кои 20 секунди пред крајот ја заземаа предноста со резултат од 82-86. Нападот на Ефтим Богоев од редовите на Кожув беше и последен со кој го постави финалниот резултат, така што мечот заврши со триумф на КК Куманово.

Со 23 постигнати поени, Караџовски беше најпрецизниот кошаркар од екипата на Куманово, а по него следеа Урош Луковиќ со 17 и Александар Костоски со 15. Од екипата на Кожув, најзабележителен беше Златко Гоцески со 21 постигнат поен.

Во следното коло, Куманово ќе гостува на екипата на МЗТ Скопје на 9ти мај. А на 13 ја пречекува екипата на Работнички.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)