КК Куманово и во иднина ќе ги полни трибините

Кошаркарскиот клуб Куманово и наредната сезона ќе биде една од главните екипи во домашното првенство, истакна првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски, и на тој начин ги демантираше коментарите дека клубот згаснува.  Тој потенцираше дека во моментов клубот навистина има големи амбиции во однос на финансиските можности, па поради тоа ќе се обидат да ги адаптираат истите со желбите на раководството. Дамјановски потврди дека тренерската позиција и наредната сезона ќе ја задржи Марјан Србиновски. Инаку и официјално денеска Бојан Трајковски го продолжи договорот, а се очекува деновиве потписот да го стават и  Александар Костовски, Марјан Јанески, Димитар Караџоски и Никола Караколев.

-Се јавија некои нови донатори, кумановци кои се заинтересирани да го подржат овој спорт и мислам дека ќе најдеме некоја средина. Во секој случај ќе биде малку помал фондот, буџетот на овој клуб за наредната година, тоа ќе значи можеби не толку драстично ќе се одрази и на фондот на играчите. Само за потсетување во моментов во Куманово тие играчи што ги бранеа боите се главни репрезентативци-нагласи тој.

Првиот човек на Куманово се надева дека тимот и во иднина ќе и пружа задоволство на 5000-та публика, која се гордее со својата екипа.

 

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)