КК Куманово на домашен терен го пречекува Кожув

Екипата на Куманово утре на домашен терен игра натпревар против тимот на Кожув.

По тренерската промена, кошаркарите прикажуваат одлична игри во домашното превенство, па во последните два натпревари кумановчани беа подобри од Пелистер и Работнички. Куманово против Кожув ќе ја брка десеттата победа во првенството, а во досегашниот дел од сезоната има забележано и уште пет порази.

Тимот на Кожув засега има забележано осум победи и десет порази. Првиот натпревар помеѓу овие два тима беше одложен.

Натпреварот се игра во сабота со почеток во 18:30 часот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)