КК Куманово поразен од Пеќ

Кошаркарите на Куманово го загубија првиот полуфинален меч во рамките на БИБЛ Лигата кој вечерва го играа на гостински терен против составот на Пеќ од Косово откако по тешката борба, семафорот означи краен резултат 79:83 во корист на домаќинот.

Првата четвртина беше во знакот на кошаркарите на Пеќ кои направија шест поени повеќе пред гостите од Куманово. Сепак втората четвртина од средбата мина во израмнета битка на двата клуба кои таргетираат за финале во Балканската лига. Сепак негативата о шест поени остана и по завршувањето на првиот дел од средбата, односно резултат 38:32.

Избраниците на Марјан Србиновски се вратија во форма веќе по кратката пауза па доминираа во третата четвртина кога направија серија од 7-0 уште на самиот старт и за прв пат од почетокот на натпреварот поведоа со кош разлика. Сепак благата предност за косовската екипа од 57:54 пред почетокот од последните 10 минути од натпреварот.

Последната четвртина и гостите и домаќините дадоа максимум и лавовски се бореа за победа, но сепак уште на самиот старт на последната фаза од мечот поведоа кошаркарите на Пеќ кои го зголемија водството на 66:59 што полека стануваше недостижно за составот на сино-белите.

Сепак крајот на мечот означи победа на Пеќ со четири поени предност, разлика која ќе треба кошаркарите на Куманово веќе следната недела да ја надминат и да обезбедат пласман во финалето од БИБЛ лигата.

Лошата реализација од шутот ги чинеше многу кошаркарите на Србиновски, но и проблемот со технички грешки од кој најмногу настрада Никола Караколев кој набргу мораше да остане на клупа.

Изненадување на мечот беше американскиот плејмејкер Јонел Браун кој конечно заигра според очекувањата. Со 33 поени тој беше најзаслужен Куманово да остане на негативата од четири поени кои ќе треба да се надминат на домашна сцена. Освен Браун, Во одлично светло се покажа и српскиот интернационалец Стефан Живановиќ кој реализираше 11 поени. Во победничкиот состав со 22 поени најдобар беше Роберт Абрамовиќ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)