КК Куманово се подготвува за финалните натпревари

Кумановските кошаркари, утре на гостински терен, ќе го играат првиот финален меч од кошаркарската Супер лига против актуелниот првак МЗТ Скопје. Кумановските кошаркари интензивно се подготвуваат за утрешниот натпревар. Триумфот на клубот е многу значаен, бидејќи за прв пат по петнаесетина години, Куманово се наоѓа во финалето на кошаркарскиот шампионат.

– За мене е значајно многу многу повеќе од се друго до сега што сум направил, зашто ова клуб што го сакам од срце. Клубот и градот ми се многу блиски. Тоа не се опишува, може само да се доживее, вели Александар Костоски, кошаркар.

Подготовките за гостувањето се интензивирани поради тоа што публиката очекува триумф во финалето од КК Куманово, но најбитно според Костоски е односот помеѓу тренерот и играчите и мотивацијата, која во овој момент ги зголемува шансите на кумановските кошаркари.

– Откако е дојден новиот тренер, Куманово се подготвува исто за секој натпревар. Различна е мотивацијата на играчите, но подготовката е иста. Имаме опуштен и пријателски однос, тврди Костоски.

Претседателот на клубот, Бранислав Јовановски, смета дека Кумановци имаат многу поголеми шанси за победа и покрај тоа што кошаркарите на МЗТ располагаат со многу поголем буџет и имаат долгогодишно кошаркарско искуство.

– Ние имаме многу јак тим, тоа го велам и сега. Мислам дека можеме да изненадиме секого. Амбициите секогаш и на навивачите велат финале, мислам дека е доста тешко, но не неостварливо.

Дури и во случај на пораз, Јовановски вели дека клубот ги надминал очекувањата на навивачите со тоа што се избори за влез во финалето, иако првичната цел бил пласманот во топ четирите екипи во Супер лигата.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)