КК Куманово совладан од Карпош Соколи

Кошаркарите на Куманово претрпеа убедлив пораз во осмото коло од домашната супер лига откако викендов на гостински терен со резултат 100:75 беа совладани од составот на Карпош Соколи.

Слабата игра на сино-белите започна уште од самиот старт, кога домаќинот направи и убедлива предност, па веќе првите 10 минути од средбата направи двоцифрена предност со резултат 22:12. Слична игра имавме можност да видиме и во втората четвртина, кога во 16та минута домаќините направија водство и од 22 поени кои за кумановци полека стануваа недостижни. На полувреме сепак се замина со резултат 53:35, а нервозата на тренерот Србиновски и неговите совети вродија со полд веќе во третата четвртина кога по 18 коша уфрлија и двете екипи, сепак недоволно за голем пресврт во резултатот.

Последните 10 минути од мечот, сино-белите го истрошија својот максимум. Слабата ротација, Србиновски се обиде на моменти да ја пополни и со играта на младиот Миодраг Јовановиќ кој за 10 минути поминати на паркетот успеа да реализира 7 поени. Голем замав во последните неколку минути доведе до 100 поени за домашниот состав и убедлива победа над БИБЛ финалистот од Куманово.

Најдобра игра од редовите на сино-белите прикажа репрезентативецот Димитар Караџовски кој постигна 15 поени, 12 Никола Караколев, а по 10 на листата со двоцифрени поени се најдоа и Американецот Јонел Браун и капитенот Марјан Јанески. Пет кошаркари на Карпош Соколи имаа двоцифрен број на поени. Најмногу Соколов со 18, по 13 впишаа Лабовиќ и Зекови, а по два помалку Пери и Мавра.

На другата страна од Скопје, МЗТ загуби од Работнички, но најважно за составот на Куманово е поразот кој Фени Индустри му го зададе на Кожув со што сино-белите остануваат со ист број поени со кошаркарите од Гевгелија. Со поголемо водство веќе во среда кумановци ќе треба да го победат Фени Индустри, а потоа и МЗТ за пласман меѓу најдобрите четири во плеј-оф завршницата од сезоната.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)