КК Куманово со втор пораз од МЗТ

Кошаркарите на Куманово забележаа уште еден пораз, овој пат на домашен терен, во рамките на плеј-оф завршницата од домашниот шампионт од страна на МЗТ Скопје Аеродром со резултат 88:93.

Домашниот состав во почетокот од средбата покажа дека е спремен да се бори против минатогодишниот шамион и да ја израдува домашната публика, која од натпревар во натрепвар доаѓа во се помал број.

Се држеа добро на стартот, но малиот пад на концентрацијата едвај чекаа да го искористат гостинските кошаркари. Првата четвртина заврши веќе со резултат 18:25.

Здивнаа минутка и сино-белите се вратија во ритам веќе во вторите десет минути. Одличната игра им донесе минимална предност пред стартот на второто полувреме. На пауза заминаа со резултат 49:48, но веќе третата фаза од средбата повторно ги стигна заморот. МЗТ Скопје ја доби третата четвртина со 19:24, што внесе неизвесност во завршницата од мечот.

Тројката на Јанески на шест минути пред крајот означи резултат 77:76 и нова минимална позитива за домашниот состав. Меѓутоа за кратко. МЗТ Скопје со серија од седум поени ја поведе играта. Последната минути следуваа две слободни фрлања за капитенот на Куманово кој иако ги реализираше и доведе до негатива од три поени, Живановиќ не успеа да поентира за тројка, па мечот заврши со втора победа за составот на МЗТ со резултат 88:93.

Кога имате желба да победите, нормално е да има грешки, не заборавајте тука е уморот, треба да победите поквалитетна екипа од нас, но сакавме денеска да победиме, играчите дадоа максимум, во некои ситуации не беше како што треба, залагањето беше на потребно ниво, но видовте и сами се работи за силен противник и овој натпревар го добија на чист квалитет. Ни останува уште еден натпревар да пробаме да изненадиме да ја вратиме серијата во Куманово. Истрошени се максимално, ќе дадеме максимум и во вторник и што биде нека биде – изјави Марјан Србиновски, тренер на КК Куманово.

Најдобар во составот на Куманово беше Димитар Караџовски со 24 поени, а веднаш зад него со поен помалку е и капитенот на клубот Марјан Јанески. Во составот на МЗТ со 25 триумфираше Шарон Клоф, 18 Дреновац, а по 15 впишаа Темс и Лалиќ.

Третиот меч се игра веќе утре во Спортската сала „Јане Сандански“, а доколку МЗТ обезбеди повторно победа обезбедува пласман во финалето, а КК Куманово ја завршува битката оваа сезона.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)