КК Куманово со победа над Кожув

Кошаркарите на Куманово ја остварија првата победа во домашното кошаркарско првенство откако викендов на домашен терен го совладаа тимот на Кожув со резултат 89:84.

Празните трибини во спортската сала во Куманово беа пресудни за слабата мотивација на сино-белите, па гостинскиот состав поведе во првите минути од натрепварот, па така веќе на крајот од првата четвртина гостите од Гевгелија имаа водство со реултат 15:22.

Втората четвртина од натперварот беше брилијантна за домаќините кои го направија и големиот чекор кон победата со серијата 30:9, па полувремето заврши со водство на избраниците на тренерот Марјан Србиновски со ерзултат 45:31.

Третата четвртина повторно беше послаба за кумановци што одлично го искористија кошаркарите на Кожув и во период од шест минути ги оставија домаќините без кош, па разликата ја намалија на само еден поен предност, односно 71:70. Одлучноста на Костоски и неговите сино-бели борци сепак доведе до првата победа од домашниот шампионат со резултат 89:84.

Најзаслужен за победата на кумановци беше капитенот Александар Костоски кој успеа да постигне 20 поени и покрај повредата со која се здоби на последниот натпревар во Градски парк. Веднаш зад него со 19 поени на листата најдобри се впишаа Данило Мијатовиќ и Милорад Пековиќ.

Со оглед на тоа дека играме пред празна сала и противникот кој што го имаме дојде овде да победи затоа што е во една длабока криза навлезен уште од самиот старт и знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Предноста која што ја направивме за жал не успеавме до крај да ја исконтролираме, но најважно на крај во овој систем на натпреварување кој што го налага нашата федерација е да се победи, така да не е битна разликата. И следниот натпревар дома нема да биде лесен без нашата публика, но одиме чекор по чекор и ќе се обидеме да направиме подобар резултат – изјави Александар Костоски, капитен на КК Куманово.

Во гостинскиот состав со 30 поени брилираше Мек Нил, а зад него Мијовиќ со 21 поен.

Се повтори минатонелдениот натпревар во БИБЛ лигата, слично очекувавме дека ќе биде ваков натпревар од игрите во БИБЛ лигата, они во Тиват, ние во Призрен. Имавме мала промена во стручниот штаб во последен момент, ни требаше време да се консолидираме тактички за овој натпревар, издржавме во тоа, најдовме некои сили играчите да ги издигнеме во ситуацијата што не снајде во последно време. Мислам дека се повтори квалитетот и искуството на неколку играчи од Куманово кои пресудија повторно, тука мислам на Костовски и Мијатовиќ – изјави Иле Ефтимов, заменик тренер на КК Кожув.

Кумановци моментално се наоѓаат на петатта позиција на табелата со три реализирани бода, исто колку и Струмица и АВ Охрид против кој во среда на гостински терен го играат следниот натрепвар во домашниот шампионат.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)