КК Куманово со победи од досега одиграните пријателски натпревари

Кошаркарскиот клуб Куманово, продолжува со подготовките во пресрет на новата натпреварувачка сезона. По првиот дел каде во прв план беше физичката подготовка на играчките,тренерот Александар Петровиќ и неговите избраници започнаа со пријателските натпревари кои се дел од вторит делна подготовките и воигрување на екипата.

Тимот веќе одигра две средби каде беа забележани победи.Во првиот меч Куманово на домашен терен го совлада српскиот представник Здравје Лесковац со 64-63, додека во вториот меч беа подобри од скопски Вардар кој го совладаа со убедливи 90-70.

Тренерот Александар Петровиќ и на двата меча подеднакво им даде шанса на сите кошаркари кои беа во комбинација за овие две средби.

До почетокот на сезоната се очекува да се одиграат уште најмалку 10 пријателски натпревари.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)