КК Куманово со пораз од Хапоел Холон во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Куманово го завршија овогодишениот настап во БИБЛ лигата со пораз откако загубија на гостувањето кај Хапоел Холон со резултат 98:96.

Натпреварот од 4 коло во групата Г, немаше поголемо резултатско значење за нашиот тим, кој од претходно немаше шанси за пласман во следната рунда.

Кумановци одиграа еден одличен натпревар во кој водеа на полувреме, водеа и по три четвртини за да во завршните десет минути малку попуштат и тоа го искористи фаворитот кој со кошот на Бурдиљон на четири секунди до крајот се избори за победа и перфектни три од три во оваа фаза.

Кумановци ги загубија сите три натпревари во оваа група и го завршија настапот како третопласирани со 56 поени.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)