КК Куманово со сребро во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Куманово го освија вторто место во БИБЛ лигата и сребрен пехар за клубот, откако и во вториот меч загубија од составот на бугарскиот клуб Берое. На домашен терен и покрај поддршката од домашната публика, многу подобрата игра за разлика од Стара Загора, сепак мечот заврши со резултат 73:77.

Сино-белите лошо го започнаа вчерашниот реванш натпреварот, па по само шест минути игра кошаркарите на Берое направија двоцифрена предност и резултат 6:16. Тајм аутот на тренерот Србиновски не вроди со плод па предноста се зголеми на 14 поени и првата четвртина убедливо ја добија гостите со резултат 9:22.

Почетокот на втората четвртина донесе уште поголемо водство за „зелените“, а кон средината на вториот период со шутот на Миладин Пековиќ негативата од 17 поени се намали нар езултат 19:27. Крајот на полувремето сепак означи резултат 16:42 и негатива од 16 поени на сино-белите.

Кратката пауза беше добредојдена за ростерот на тренерот Марјан Србиновски, па во третата четвртина со три тројки капитенот Јанески го намали водството на бугарскито состав со резултат 37:44. Тројката на Стефан Живановиќ, четирите врзани поени на Никола Караколев доведоа до израмнување со резултат 44:44. Публиката ја даде максималната поддршка на сино-белите кои направија водство од шест поени. Сепак во последната четвртина влегоа со три поени предност.

Последните 10 минути се разбуди Џонс од ростерот на Берое и го полнеше кошот на Куманово со што го зголемуваше водството на својот тим. На крај сепак со резултат 73:77 Берое го подигната златниот пехар.

Кумановци се задоволија со среброто и со насмевка го прифатија поразот, свесни дека лошиот исход од натпреварот одигран во Стара Загора ги чинеше многу. Тренерот на КК Куманово сепак не е задоволен од она што го постигнаа неговите кошаркари.

Мислам дека можевме да бидеме подобри, но што е тука е, оној прв натпревар го реши оваа финале, не го одигравме како што треба. Денеска видовте и сами во грч влеговме, прво полувреме катастрофално можам да кажам, не можевме да најдеме против удар, нападот ни бепе ужасен. Второт полувреме видовте за една третина 20 разлика надигравме, направивме, но немавме сили со кратка ротација, видовте и сами екипат ана Берое го доби овој натпревар и мислам дека оваа сезона за Куманово е успешна, ова е голем успех за екипата на Куманово. Им честитам на играчите и управата, се надевам на подобри времиња и да се освои прво место – изјави Србиновски.

Имавме проблеми затоа што се опуштивме, не игравме добра одбрана и дадовме лесни поени од контранапад и во напад немавме добра организација и тоа беше резултат го изгубивме тоа што го направивме во прво полувреме. До голем степен победата ја реши првиот натпревар, но не беше се решено, ако тргнавме слабо тогаш ќе бидеше потешко за нас – изјави Љубомир Минчев, тренер на КК Берое.

Со 15 поени и 8 скока најуспешен беше капитенот на КК Куманово, Марјан Јанески, а веднаш зад него со два поени помалку брилираше и Миладин Пековиќ. Со 17 поени најуспешен кај шампионот беше Брендис Рос.

Во следниот период акцентот сино-белите ќе го стават на домашната лига, каде ги очекуваат уште три натпревари. Веќе во сабота на гостински терен ќе ги одмерат силите со Карпош Соколи, а потоа на домашен терен следуваат натпреварите против Фени Индустри и МЗТ.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)