КК Куманово со убедлива победа над Струмица

Кошаркарскиот клуб Куманово очекувано го победи тимот на КК Струмица  79 спрема 53. Куманово поведе уште во првата четвртина која што заврши со двојно повеќе поени за домашниот тим 20 спрема 12. Втората четвртина беше најслаба по интензитет. Куманово одеше на сигурни поени преку влезови под кошот, а Струмица залудно се обидуваше со шутеви за 2 и 3 поени. Во втората четвртина од четири обиди гостите не погодија ниту еден шут за три поени така што резултатот беше 14 – 9. Во третата четвртина екипата на Куманово имаше само четири промашени, а Струмица исто толку погодени обиди за кош, така што резултатот пред почетокот на последната четвртина беше 58 – 30. Последната четвртина Струмица успеа да ја добие, но со минимални 2 поени разлика така што не успеа да избегне убедлив пораз. Најдобар играч на мечот беше Бојан Трајковски со 16 поени и 6 скокови.

 

-За прв натпревар видов желба кај играчите. Тоа што се договоривме до негде го испочитуваа задоволен сум. Мораме да продолжиме во ист ритам и да работиме во одбраната. Има квалитет екипата, но не правиме калкулации, рано е. Битно е на секоја утакмица да дадеме максимум. Што ќе направиме ќе видиме крајот на мај, вели Марјан Србиновски, тренер на КК Куманово

-Првин да им ја честитам заслужената победа на Куманово. Која што во секој случај е многу поквалитетна екипа од нас. Мислам дека дадовме максимум во овој момент што можеме да го пружиме и се надевам дека во наредните натпревари ќе одиграме подобро. На Куманово им посакувам успех во понатамошниот тек на првенството и мислам дека со промена во стручниот штаб што се случи Куманово ќе игра подобро и подобро. За мене е  фаворитит кој што треба да игра во финалето, вели Златко Зетов, тренер на КК Струмица.

На големо воодушевување на кумановската публика тренерот Србиновски во последната четвртина им даде шанса на младите играчи кои изиграа солидни пет-шест минути. Миодраг Тодоровиќ имаше една асистенција, Ѓорѓи Ѓоргиевски два поени и Ненад Стојановски кој се вклучи во играта уште од третата четвртина постигна седум поени.

-Секако дека има некој квалитет, доста кратко сум во тимот, немав ни многу време да им посветам внимание. Резултатот ни овозможуваше да им дадеме шанса, им дадовме шанса, ја искористија коректно. Од нив зависи ако работат на тренинзи ако се покажат како што треба не е чудо и друг пат да добијат шанса, вели Марјан Србиновски, тренер на КК Куманово

-Овој натпревар е добар. Со тоа што добивме нов тренер очекуваме дека ние младите ќе бидеме форсирани и како што гледате го покажавме нашето најдобро. Секако дека можеме само нека не тренираат и ќе покажеме уште подобри резултати. , вели Ненад Стојановски, крилен центар на КК Куманово

Со победата над КК Струмица, Куманово заостанува само еден бод зад второпласираниот тим на табелата Карпош Соколи, и зад првопласираниот МЗТ Скопје кој има еден натпревар помалку. На петти март на Куманово му претстои гостување во Гевгелија против Кожув каде што се очекува неизвесен и тежок натпревар.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)