КК Работнички го совлада КК Куманово

Кошаркарите на Работнички го совладаа Куманово со 79:72 во заостанатиот натпревар од шестото коло во Суперлигата и ја остварија третата победа по ред.
Гостинскиот тим одлично го отвори натпреварот, поведе со 0:13, но како одминуваше времето така и предноста се топеше, па на крајот од првата четвритна Работнички имаше негатива од само два поени (20:22).
Сепак, кошаркарите на Куманово успеаја да го задржат водството до полувреме, по што на стартот од третиот дел, Работнички прави серија од 7:0 со која го презеде водството. Но, натпреварот беше решен дури во последната четвртина во која тимот од Градски парк дојде и до двоцифрена предноста (74:64) која му овозможи  рутински да го приведе натпреварот до крајот.
Одлична партија прикажа Демиер Питс кој постигна 32 поени, додека Љубомир Младеновски имаше дабл-дабл од 18 поени и 14 скокови. На спротивната страна, најдобар Бранислав Ѓекиќ со 25 поени и 13 скокови.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)