Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ во Долно Којнаре

Проекти од програмата  Реално вчеравечер беа презентирани пред жителите на Долно Којнаре. Носителот на изборната листа од втората изборна единица од Коалцијата „За подобра Македонија“,Никола Тодоров,заедно со кандидатите за пратеници од оваа изборна едница им се заблагодари на македонските граѓани за нивната истрајност, бидејќи како што кажа,  издржале две и пол години криза и деструкции.  Тодоров  посочи дека 11 декември ќе биде ден кога македонскиот народ ќе покаже дека никој освен него и никој во негово име не може да одлучува и не може да ја крои судбината на Македонија.

На мини митингот се обратија и кандидатите за пратеници,Зоран Ѓорѓиевски, Драган Петковски, Емилија Трајковска,Марио Цветковски кои ги посочија проектите што се предвидуваат во програмата Реално за  подобар живот во Куманово.

Пред присутните граѓани беше потенцирано дека особено важно е креирањето на нови работни места бидејќи  невработеноста е еден од поголемите проблеми во Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)