Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ во Карпош

„Граѓаните на Куманово очекуваат подобра инфраструктура, намалување на невработеноста, отворање на нови работни места, повеќе градинки, овие граѓани очекуваат од Владата да се грижи за нив, да се грижи за државата затоа што една држава имаме која ниту сакаме да ја делиме,  ниту да ја парчаме“ – порача од синоќешниот мини митинг во населбата Карпош Никола Тодоров, носител на изборната листа на коалицијата на ВМРО ДПМНЕ во втората изборна единица.

-Од тука треба да му порачаме на Заев, не ти е ова наследено од било кого, немаш право ни да го продаваш,  ни да го делиш, ни да го раздаваш, ни да го подаруваш. На 11 декември тој ќе ја добие оваа силна порака и тој и сите тие кои што застанаа позади него во битката против сопствената држава и сопствениот народ, изјави Никола Тодоров, носител на листа на ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 2

Тодоров рече дека граѓаните не заслужуват да се вратат во времето на СДСМ кога десетици фабрики беа затворени, кога илјадници семејства останаа без егзистенција, кога родителите не можеа да ги пратат своите деца на универзитет бидејќи партиципацијата изнесуваше 1.200 евра. Според него, граѓаните заслужуваат да живеат во подобро време.

Со слични пораки до жителите на Карпош беа и кандидатите за пратеници од коалицијата „ За подобра Македонија“ во изборна единица два.

Кандидатите за пратеници на синоќешната средба со жителите на Карпош побараа целосна поддршка од нив на денот на предвремените парламентарни избори со заокружување на бројот еден.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)