Ковид-19 влијаеше и врз работата на „Чистота и зеленило“

Кризата која што ја предизвика коронавирусот влијаше и врз работата на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“. Според надлежните регистиран е пад на приходите за 40 до 50 проценти. Директорот на „Чистота и зеленило“, Даниел Стојчевски се надева дека со воведувањето на електронската наплата која започна од оваа недела, ќе се зголемат и приходите.

Ние пред една година го сменивме комплетно софтверот за наплата што беше поставен во рамките на јавното претпријатие и требаше одреден период за имплементација на самиот софтвер она што значи пренесување на старата база во нова и планиравме некаде по завршување на изборите да ги започнеме постапките за имплементација на електронска наплата во рамки на новиот систем меѓутоа знаете се случи оваа ситуација која не беше предвидена и дојдовме до состојба каде што самите граѓани бараа да се воведе електронска наплата за да ги избегнат чекањата на редиците во наплатните центри кои што ги имаме-истакна Стојчевски.

Сметките може да се платат преку веб страницата на јавното претпријатие jpcistotaizelenilo.mk.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)